СП: Србија ја суреди Аргентина, Египет завери 1/4 финален билет

102

Србија ја оправда фаворитската улога против Аргентина. Во вториот меч од главната рунда славеше со 28-22 (12-10) за прва радост во Катовице. Радивојевиќ со шест гола беше прв стрелец, на другата страна Ломбарди имаше 12 погодоци.

„Гаучосите“ имаа сили за едно полувреме, пред истото падна ритамот, па на другата страна српските ракометари со серија од 5-0 поведоа со 15-10. По овој момент, нека се беше полесно. Србите имаа и плус шест (19-13), на другата страна противникот успеа да намали на четири гола. Со триумфот нашиот северен сосед остана во игра за место кое води во квалификации за ОИ.

Египет е нова селекција, поточно четврта, која обезбеди место во четвртфиналето. Избраниците на Роберто Гарсија Парондо дојдоа до петтиот триумф на Мундијалот, откако го совладаа Бахреин со 22-26. „Фараоните“ имаа проблем на стартот на мечот, по што полека го наметнаа своето темпо и на одморот заминаа со позитива од четири гола 9-14.

Она што останува непознато е дали Египет ќе патува од првото место во следната рунда, тоа ќе биде познато по пресметката со актуелниот првак, Данска во последното коло од главната рунда.

ПретходноПознат е составот на Македонија за дуелот со Тунис
СледноВолфсбург го декласира Фрајбург, убедливи и Бохум и Франкфурт! (ВИДЕО)