Денешниот саботен ден е историски кога станува збор за посетата на АО во Мелбурн. Имено организаторот се пофали дека посетата од 94.854 гледачи на сите мечеви денеска е најголема посета во историјата во Мелбурн. Досега рекордот беше од 2020 година кога имаше, во двојната програма, денската и ноќната, вкупно 93.709.
Се разбира за ова заслужен е настапот на Новак Ѓоковиќ кој е вистински магнет за тениските фанови во Австралија, но и поради Енди Мареј кој покажува дека сеуште е врвен тенисер.