Темелковски: Нема потреба од промени и „сечење на глави“, кој и да дојде треба да има магично стапче!

795

Илија Темелковски, поранешниот македонски селектор даде мини-анализа, поточно свое видување за денешната игра против Тунис, меч кој „црвено-жолтите“ го загубија со 28-33, но и за тоа каков чекор треба да се превземе во иднина.

Тој смета дека промена на селектор не е решение, бидејќи ова е реалноста. Кој и да дојде ќе му биде потребно магично стапче.

„Нема ништо да направиме ако смениме селектор и сечеме глави, кој и да дојде треба да има магично стапче. Мора да се подобриме во сите сегменти, треба време. Раководството на РФМ направи многу во сите години, им ги пружија најдобрите услови на сите репрезентации. Изборот на играчи е тој, имаме време до следното Европско првенство преку тие пријателски мечеви да се подобриме, да обрнеме внимание во нападот, да не биде индивудуална транзиција.

Сменивме многу селектори, треба помине циклус од четири години. Како што кажав не треба да се менува ништо, само добра работа ќе доднесе подобар квалитет. Ова Светско првенство нека биде лекција за следното големо натпреварување.

И играчите мораат да вложуваат во себе доколку клубот не го прави тоа, мора да ангажираат тренери да работат индивидуално. Исто така и клубовите мораат да работат за да има напредок. Вербата не смее да се изгуби, може да се поправи сликата“, изјави Темелковски во студиото на МТВ. 

ПретходноНиколиќ: Ако продолжиме со оваа енергија, ќе успееме да дојдеме до посакуваните резултати
СледноЕлмас во стартниот тим, Наполи со цел плен од Салерно (видео)