Евертон си тера по старо.Порази и само порази.Па така и попладнево “карамелите“ загубија како гости кај Вест Хем и тоа со 2:0. “Чеканите“ беа подобри и заслужено, со головите на Боувен во 34. И 42.минута ги освоија трите бода. Евертон уште повеќе се зацврсти на последното место на табелата.
Ова беше еден од четите средби попладнево во ПЛ во рамките на 21.коло.
Лестер и Брајтон одиграа супер интересни 2:2.“Лисиците“ до 88.минута водство со 2:1,но тогаш Фергусон со гол му донесе бод на својот тим.
Без победник одиграа и Борнмут и Нотингем Форест, но 1:1. Домашните поведоа со голот на Антони во 28.минута, но „шумарите“ дојдоа до бод со голот на Сариџ во 83.минута.
Интересно беше во Саутемптон на кој се сретна истоимениот домашен тим и Астон Вила.Имено само што почна мечот истиот беше прекинат и тоа поради дрон кој леташе над стадионот “Сент Мери“.Поради безбедност играчите беа евакуирани во соблекувалните,но потоа средбата продолжи.
На крајот А.Вила со голот на Воткинс славеше со 0:1.
Токму затоа овој натпревар заврши неколку минути подоцна од останатите.