Јурановиќ оди во Бундеслигата: Хрватот се договори со У. Берлин

73

Хрватскиот репрезентативец Јосип Јурановиќ по одлично одиграниот Мундијал во Катар ќе направи трансфер на кариерата и од шкотскиот Селтик ќе се пресели во германскиот бундеслигаш Унион Берлин.

Јурановиќ веќе подолго време се поврзува со заминување од Селтик, а откако одигра одлично на Светското првенство во Катар, многу европски клубови изразија желба да го доведат во своите редови, а на крајот најуспешен беше Унион Берлин.

Веста е потврдена и останува само да се договорат деталите пред трансферот да биде официјално објавен. Унион Берлин моментално е на петтата позиција на табелата во Бундеслигата со 27 освоени бодови.

ПретходноКилде најбрз на спустот во Кицбил
СледноМишов со еврогол во триумфот на Тиквеш против Слога Виница