Се чини дека нема посреќен фудбалер во светот од Себастијан Алер. Напаѓачот од БСК утре ќе го има своето деби во дресот на Борусија Дортмунд, откако 6-7 месеци водеше тешка битка со канцерот. Тој ги одработи подготовките, на пријателските средби постигнуваше и голови како од шега, па се очекува да добие минутажа на утрешниот дуел против Аугсбург.
Алер го победи ракот, а за утре тој си подготови и специјални копачки на кои пишува:
„Fuck cancer“ или во превод – Е*и се канцер!
Симпатично, нема што.