Попладнево се одиграа пет натпревари од првото пролетно коло во Бундеслигата или вкупно 16. Секако дека во преден план беше фантастичната партија на Волфсбург кој на свој терен со 6:0 славеше над Фрајбург, тим кој што претендира за висок пласман и сеуште е трет на табелата и по овој катастрофален пораз.
Вимер ја започна серијата голови уште во 2.минута, ја продолжи Винд со два гола, стрелец беше и Герхард , следуваше голот на Баку, а Валдшмит во 90+4 минута стави точка на победата од 6:0.
Бохум со 3:1, исто на свој терен, беше убедлив на мечот со Херта. Хофман стрелаше двапати, а еднаш и Шлотенберг.Сердар во финишот само го ублажи поразот.
Франкфурт со 3:0 го победи Шалке и ги освои првите бодови во пролетната полусезона. Победата ја донесоа Линдсром, Боре и Бута.
Штутгарт и Мајнц одиграа 1:1, додека Унион Берлин со 3:1 го совлада Хофенхајм и тоа со головитна Доеки во 90.минута и Левелинг во 90+6. Претходно беше 1:1.