Гвардиола: Ќе се вратам во Барселона!

1219

По одличниот период во Барселона каде беа освоени сите можни трофеи, Гвардиола си замина и стана тим менаџер на Баерн. И со овој тим успеа да освои титули во Германија, како и со Манчестер Сити во Англија, во кој се пресели во 2016 година, но Лигата на шампионите за него е неостварен сон по Барселона.

Јасно е дека навивачите на Барселона би сакале да го вратат на клупата на нивниот омилен тим, но тоа не може да се гарантира со сигурност.

Новинарите во Англија се интересираа за плановите на шпанскиот стручњак по завршувањето на тренерската кариера, а таму тој сепак ја спомена Барселона.

„Ќе се вратам во Барселона, 11 месеци ми недостасува топлината од 25 степени. Ми недостига храната таму, мирисот на морето. Ги отвораш завесите наутро и ја гледаш светлината, тоа е фантастично. Имам многу пријатели таму.

Ќе се вратам на стадионот на Барселона, ќе седнам и ќе ги гледам натпреварите на мојот омилен тим. Ќе направам многу, многу работи кои се уште не сум успеал да ги направам. На пример, ќе научам да готвам. Ќе патувам на места каде што не сум бил. Ќе играм голф секој ден. Ќе јадам што повеќе за да изгледам како добар дедо од 90 килограми“, изјави Гвардиола.

Сепак, крајот на неговата кариера се уште е веројатно далеку, со оглед на тоа што овој голем специјалист има само 52 години и има уште многу работа во кариерата.

ПретходноМерцедес најавува големо враќање во Ф1: Нашиот болид има огромен потенцијал
СледноДончиќ како од шега до дабл-дабл, Ирвинг ја уништи Јута (ВИДЕО)