Дончиќ како од шега до дабл-дабл, Ирвинг ја уништи Јута (ВИДЕО)

138

Лука Дончиќ зад себе има уште една неверојатна вечер. Во убедливата победа на Далас над Мајами од 115-90 сервираше дабл-дабл. Словенецот зад своето име запиша 34 поени, 12 скока и 7 асистенции, постигна пет тројки од осум обиди.

Далас е петти во Западната конференција со скор од 25 победи и 22 порази.

 

Прво име оваа вечер во НБА-лигата беше Кајри Ирвинг. Во отсуство на повредниот Кевин Дурент го предводеше Бруклин со победа над Јута Џез и тоа убедлива од 117-106. Тој мечот го заврши со 48 поени, што пак е најдобар учинок за него оваа сезона, додаде 11 скока и 6 асистенции. На другата страна Калрксон имаше 29 поени.

За Бруклин ова беше 28 победа оваа сезона со 17 порази се наоѓа на четвртото место на табелата во Истокот зад Милвоки кој има победа повеќе.

Резултати: Орландо – Њу Орлеанс 123-110, Алтанта – Њујорк 139-124, Кливленд – Голден Стејт 113-120, Далас – Мајами 115-90, Сан Антонио – ЛА Клиперс 126-131, Денвер – Индијана 134-111, Јута – Бруклин 106-117, ЛА Лејкерс – Мемфис 122-121, Сакраментo – Оклахома 118-113.

ПретходноГвардиола: Ќе се вратам во Барселона!
СледноКлубот го отпушти Дани Алвеш откако отиде во затвор!