„Проклетството на Нетфликс“: Тенисерите-актери испаѓаат од Австралија Опен!?

258

Од 10 ликови од првата сезона на ТВ серијата „Break Point“ во продукција на Нетфликс, само еден тенисер остана на Австралија Опен. Во Мелбурн, ѕвездите од серијата на Нетфликс или загубија или се откажаа поради повреда, па новинарите и навивачите го измислија терминот „Проклетство на Нетфликс“.

Уште пред почетокот на овогодинешниот Австралија опен, тројца херои од првата сезона на серијата која зборува тенисерите се повлекоа од настанот. Тоа во прв ред беа Ник Кирјос и Ајла Томљановиќ.

По нив од турнирот се повлече и Паула Бадоса, па од листата на учесници во серијата „Break Point“ уште во почетната фаза на натпреварувањето ги снема и Матео Беретини, Тејлор Фриц и Каспер Руд. Уште еден Австралиец, Танаси Кокинакис, беше елиминиран во второто коло по поразот од Мареј. И Кокинакис глумеше во серијата на Нетфликс.

Од дамите кои беа дел од првата сезина на „Break Point“ на Австралија Опен веќе не се Онс Џабеур која загуби неочекувано во второто коло од Маркета Вондроусова, како и шестата носителка Марија Сакари. Од 10 ликови од серијата, се уште активен на Австралија Опен е само канаѓанецот Феликс Ожер Алиасим.

ПретходноШкендија во Анталија ќе се “тестира“ со Динамо Киев, Мура, Валмиера…
СледноКилде најбрз на спустот во Кицбил