Шкендија во Анталија ќе се “тестира“ со Динамо Киев, Мура, Валмиера…

315
Processed with VSCO with m5 preset

Откако успеа да ангажира повеќе квалитетни имиња во текот на овој зимски преоден рок, и одигра контрола со Воска, сега сите погледи во таборот на Шкендија се кон Анталија. Имено познато е дека тетовските „црвено – црни“ во својата стара зимска база ќе ја одработуваат главната фаза од тековните подготовки, но ќе одиграат и најмалку четири пријателски средби.

Експедицијата на Шкендија во Анталија заминува на 25 јануари, а таму ќе биде во наредните 15-16 дена.

Прв ривал од серијалот пријателски средби е тимот на Мура од Словенија (28.01). Екипа која и тоа како им е позната на тетовци, ако се знае дека во летото 2021 година тие загубија од Словенците во 1.квалификациско коло во ЛШ со вкупни 0:6. Еве шанса за реванш. Три дена подоцна (31.01) четата на стратегот Ќатим Османи ќе ги одмери силите против ЦСКА 1948 Софија, тим од Бугарија.

На 6 февруари Шкендија ќе се сретне со гигантот Динамо Киев од Украина, тим кој што во Анталија ќе игра и против Силекс. Секако дека ова ќе биде најтешкиот тест за Шкендија.

На 9 февруари ривал ќе биде добро познатата Валмиера (Летонија), тим кој што изминатото лето во 2.квалификациско коло во ЛК беше совладан со вкупни 5:2.

ПретходноПо пауза од 4 години: Илка Штухец победи на трка од Светскиот куп!
Следно„Проклетството на Нетфликс“: Тенисерите-актери испаѓаат од Австралија Опен!?