Тимот на Академија Пандев од синоќа се наоѓа во Анталија, каде што во следните десетина дена ќе ја одработи главната фаза од овогодинешните зимски подготовки.
Според планот во Анталија се планирани неколку мечеви, а се стартува со денешниот против Марица од Пловдив. Следуваат и мечевитр против Актобе (Казахстан), Зорја (Украина) и Кизилхар (Казахстан).
По враќањето во Македонија ќе се одиграат уште два контролни натпревари против Детонит Плачковица и против Беласица.