Гвардиола и Клоп на иста мака: Зошто Сити и Ливерпул примаат по два гола за 5-6 минути!?

140

Манчестер Сити во четвртокот го победи Тотенхем со 4-2, но според Пеп, не ја надминале кризата која започна во јануари. На полувремето на овој меч, најдобриот тим од Премиер лигата од минатата сезона се соочуваше со трет пораз во низа, а еден детаљ изгледа навистина загрижувачки.

Од натпреварот во Лига купот со Саутемптон започна серијата порази кои имаа една специфика која можеби малкумина ја забележаа. Сити на три врзани натпревари примаше по два гола во период од најмногу 6 минути.

Против Саутемптон двата врзани гола за противниците дојдоа за 5 минути. На дербито со Манчестер Ј. од голот на Фернандеш до оној на Рашфорд минаа само 4 минути, а на последниот меч со Тотенхем, на „Спарс“ им требаа точно 3 минути за двапати да ја погодат мрежата на Едерсон.

Овој битен детаљ го коментираше и Гвардиола пред новинарите. На прашање: „Што треба да подобрат?“, Пеп по дербито одговори:
„Три минути по примениот гол не смееме да го примиме следниот. Се однесуваме како сами да им велиме:„Ајде, дајте ни уште еден“. Ова е најважниот детаљ што треба да го подобриме“.

Гвардиола на ова не гледа само како на случајност. Според него, тоа е последица на деконцентрација, а не на тактички нијанси.

„Дефинитивно е деконцентрација. Во спротивно немаше да примиме такви голови како што примивме на овие натпревари. Ние само даваме голови“.

Интересно, пред 11 јануари Сити немаше таков проблем. Сите три случаи кога тимот на Пеп прими по два гола за 360 секунди се забележани во изминатите 10 дена. Инаку, проблемот на Ливерпул се чини дека е уште поакутен, затоа што момците на Клоп годинава дозволија на 5 меча (среќа не се во низа) да примат по два гола во период од 6 минути.

ПретходноАкадемија Пандев минимално поразена на тестот со Марица
СледноДаниел Јуле победи на слаломот во Кицбил