Состанок во Јувентус пред денешниот дуел со Аталанта

218

Голем проблем има Јувентус како клуб откако е донесена одлука да му се одзема бодови од тековната Серија А сезона поради неправилности во финансиското работење. длуката е донесена, клубот има право на жалба, но што и да се случи Јуве има сриозен проблем пред себе. Што е уште поважно, истиот е тема на сред сезона, играчите се инвлвирани во сето ова и големо прашање е како ќе реагираат односно како сето ова ќе се одрази на игрите и резултатите.

Токму затоа, првите луѓе на клубот, претседателот Џанлука Фереро и извршниот директор Маурицио Сканавино решија, по вчерашниот тренинг да одржат состанок со играчите и да им ги објаснат нештата и ситуацијата во моментов.

„Мораме да останеме обединети пред таквата неправда. Секој мора да си ја работи својата работа. Ќе го браниме клубот пред релевантните органи, а вие мора да го сторите истото на теренот и да собирате бодови. Денес, повеќе од кога било, ги претставувате нашите милиони на навивачите ширум светот. Ќе продолжиме да се бориме мирно и без ароганција. Секогаш сме ги почитувале институциите и ја очекуваме истата почит кон нас за да можеме да разговараме за причините за ова што се случува“ – рекол Фереро пред фудбалерите.

ПретходноДЕНЕСКА НА СП: Лудница во групата 2, три репрезентации за последниот четврт-финален билет!
СледноМилован Петровиќ ќе игра за Златибор Чајетина