Јувентус и Аталанта одиграа фантастичен меч со пресврти и многу голови (3:3) во рамките на 19.коло на Серија А. Уште во 4. минута Лукман ја доведе Аталанта во предност, меѓутоа „Старата дама“ со головите на Ди Марија и Милик во период од девет минути направи пресврт.
На стартот на второто полувреме моменти за Аталанта. Тимот од Бергамо поведе со 2:3 со головите на Меле и Лукман. Сепак реми 3:3 за Јувентус извлече Данило со голот во 65 минута.
Аталанта го запиша петтото реми сезонава и има 35 бода на 5. место. Јувентус после казната има 23 бода и е на 9. позиција.