Баер со шеста победа по ред над Менхенгладбах (видео)

69

Екипата на Баер Леверкузен го совлада Борусија Менхенгладбах во гости со 3:2 во 16.коло на Бундес лигата. Со тоа „фармацевтите“ ја впишаа четвртата победа по ред во првенството и воедно шеста победа по ред во пресметките со Менхенгладбах.

Бакер и Адли го донесоа Баер во водство со голови во првото полувреме, а во 67 минута погоди Амири за уште поубедливо водство. Сепак, за достоен пораз се погрижи Ларс Штиндл со двата гола во 82. односно 93. минута.

Под водство на Чаби Алонсо Баер собра 16 бода од осум натпревари. Сега се на деветтото место со 21 бод, а еден повеќе има Борусија Менхенгладбах на осмото место.

ПретходноРутински триумф на Рома на гостувањето кај Специја! (ВИДЕО)
СледноБарселона минимално го совлада Хетафе и го стави Реал под притисок (видео)