И покрај најавите дека Енис Барди ќе мора да си оди од Трабзонспор, сепак еден од нашите најдобри фудбалери и натаму игра за актуелниот шампион. Така и денеска, Барди беше во составот на Трабзон, влезе во игра во 75.минута и тоа на дуелот со Истанбулспор за кој настапи уште еден наш репрезентативец Валон Етеми, во меч од редовното коло во турската Суперлига. Трабзон победи со 4:0, а Етеми играше се до 81.минута откако беше стартер.
Па така“македонското репрезентативно дерби“ во Турција го доби Енис Барди.