Барса нема да „избега“ така лесно – „Кралевите“ победија на жешкото гостување во Билбао (видео)

112

Екипата на Реал Мадрид победи со 2:0 на незгодното гостување кај Атлетик Билбао во 18. коло на Ла Лига. Со оваа победа „кралевите“ не и дозволија на Барселона да се одлепи на табелата на шест бода, па така разликата помеѓу нив и лидерот остана три.
Карим Бензема ја затресе мрежата на Атлетик во 24. минута и резултатот не се менуваше се до 90. минута кога победата за актуелниот првак ја запечати Тони Крос.

На табелата Барселона е лидер со 44 бода, втор е Реал со 41, трет Сосиедад со 38… Билбао е осми со 26 бода, а оваа екипа врза четири меча без победа.

Следното коло Реал Мадрид ќе игра дома против Сосиедад. Атлетик ќе и гостува на Селта.

Athletic Club 0 – [1] Real Madrid – Karim Benzema 24′

Video Athletic Club 0 – [1] Real Madrid – Karim Benzema 24′ was uploaded to Streamin.me on Jan 23, 2023.

Untitled

Video Untitled was uploaded to Streamin.me on Jan 23, 2023.

ПретходноГолеада во Торино, а на крајот без победник (видео)
СледноЏерард: Навивачите на Челзи треба да бидат среќни, го добија новиот Робен