Гидсел за Вујовиќ: Видов дека ме нарече мало глувче!

2665

Данскиот ракометар Матијас Гидсел се осврна на коментарот на Веселин Вујовиќ кој го нарече „мало глувче“. Црногорскиот селектор се нафрли на Гидсел за кој верува дека направил неспортски потег бидејќи не сакал да го прифати извинувањето на Домагој Дувњак по фаулот.

„Не ја прочитав статијата, но го видов насловот дека сум мало глувче. Во принцип, мислам дека никаде не треба да коментирате со таков тон. Тоа беше донекаде насилен коментар. Не сум воспитан да коментирам за такви луѓе во медиумите. Не сакам да коментирам затоа што нема смисла. Впрочем, целата приказна за мене и Дувњак нема смисла. Зборувавме, но не пред камерите и решивме се“, изјави Данецот за локалниот портал БТ.

ПретходноСевиља со гол од пенал го совлада Кадиз, Атлетико убедливо на дебито на Депај
СледноСензација на Австралијан Опен: Елиминирана главната фаворитка за трофејот!