Даниел Јуле победи на слаломот во Кицбил

113

Швајцарскиот скијач Даниел Јуле по шестипат во кариерата, а вторпат во Кицбил, оствари победа во слалом во Светскиот куп, иако по првото возење беше само на седмото место. Во второто возење Јуле го постигна третиот најдобар резултат и со вкупно време од 1:44,63 минути.

Минатогодишниот победник во слалом во Кицбил, Британецот Дејв Рајдинг, дојде од 16-то место во првото возење до второто место на крајот, со 40 стотинки зад победникот. Само за една стотинка побавен од него беше Норвежанецот Лукас Братен кој го освои третото место.

ПретходноГвардиола и Клоп на иста мака: Зошто Сити и Ливерпул примаат по два гола за 5-6 минути!?
СледноБугарин удри фудбалер на “пандевци“, па дојде до тензии! (ВИДЕО)