Згасна уште еден млад живот, 26-годишен судија колабирал на терен!

611

Од Хрватска доаѓаат тажни вести. На 26 годинишна возраст почина Миро Сураќ, фудбалски судија и секретар на задарскиот клуб НК Абецеда. Според информациите тој се урнал на теренот, лекарите се обиделе да го оживеат, но безуспешно.

„Со длабока болка и тага ја објавуваме веста дека нашиот секретар Миро Сураќ ненадејно не напушти, на 26-годишна возраст. Целото семејство Абецеда е обвиено во црно. Изразуваме искрено сочувство до семејството и пријателите на Миро, кој засекогаш ќе остане запишан во историјата на клубот.

Драг наш Миро, ти благодариме за се што му подари на клубот, ти благодариме за сите моменти што ги поминавме заедно. Ти благодариме за нераскинлива љубов, спортско и приватно пријателство. Почивај во мир добар човеку“, напиша неговиот клуб на Фејсбук.

ПретходноЃоковиќ го обвинија дека лаже, Бекер се огласи!
СледноНачевски и Николов ќе ја делат правдата меѓу Франција и Шпанија!