УЕФА може да го отстрани Јувентус од европските натпреварувања,д околку се потврди измамата со платите на фудбалерите. Пред неколку дена на Јувентус му беа одземени 15 бода во Серија А поради фиктивен случај на капитални добивки.
Според „Газета дело Спорт“, УЕФА може да го отстрани Јувентус од европските натпреварувања поради „неспортско однесување“ поврзано со измама при одредување и исплата на платите. Доколку се докажат ваквите прекршувања, УЕФА ќе ја проучува ситуацијата, земајќи ги предвид новите финансиски показатели на клубот.
Во 2021 година, Јувентус беше казнет со 3,5 милиони евра поради непочитување на правилата за финансиски фер-плеј. Висината на казната ќе се зголеми на 23 милиони евра доколку во следните три години се докаже дека Јуве направил некои други финансиски прекршоци. Во зависност од висината на загубите, Јувентус може да биде казнет и со суспензија од европските натпреварувања повеќе од една сезона.