Не е само Јуве на удар на Обвинителството, следен е Наполи на Елмас!

712

На Јувентус поради лажно сметководство е санкциониран парично плус му се одземени 15 бодови и со 22 бода се смести на 10 место на табелата со што ја загуби борбата за титулата, а веројатно и за излез во Европа.

Италијанската фудбалска федерација може да се насочи кон лидерот на табелата Наполи, пишува „Ла Република“. Спортскиот обвинител кој работи за ФИГЦ, Џузепе Чине и работи на случајот со „Старата дама“, ќе побара докази за трансферите на Наполи во последните години, а најповеќе на трансферот на напаѓачот Виктор Осимен. Во зделката со Лил беа вклучени 72 милиони евра плус 10 милиони во форма на бонуси, како и четири играчи во вредност од 20 милиони евра (голманот Карнезис и тројца од младинскиот погон).

Спортски адвокат веќе го ослободи Наполи во случајот Осимен, исто како и со Јувентус. Меѓутоа во случајот со „Старата дама“, истрагата „Призма“ која ја спроведе обвинителството во Торино овозможи истрагата повторно да се отвори и заврши со казна која стана правосилна, затоа што се пронајдени нови докази.

Сега, Чине сака повторно да го отвори случајот Осимен затоа што верува дека има нешто „матно“ во оваа зделка.

Наполи и неговите навивачи се загрижени затоа што чекаат на титула од 1990 година, а евентуално одземање на бодови може да означи и пад на табелата, па Милан и Интер тоа да го искористат.

Наполи има 50 бодови, дури 12 повеќе од Милан…

ПретходноДеби на Роналдо, Ал Наср победи но со гол на Талиска (видео)
СледноЗа прв пат е покажан бел картон во фудбалот и тоа на дербито Бенфика-Спортинг (видео)