Словенија ја демолира Ц. Гора, Унгарците сигурни, сега чекаат пораз на Португалија!

268

Во меч од групата-1 во главната рунда,очекувано Словенија убедливо ја порази селекцијата на Ц. Гора со 31:23 (15:8). Со оваа победа Словенците својот настап на Мундијалот го завршија на третото место во оваа група. Во текот на целиот меч Словенија водеше, беше подобра и секако на крајот заслужено славеше.

Влахкај Словенците со 6 голови беше најдобар стрелец на мечот, Вујачиќ кај Ц.Гора беше стрелец на 5 голови.

Во групата-2, Унгарија со 42:30 ја декласира селекцијата на Зеленортските острови.Тоа значи дека Унгарците си ја завршија својата работа, за пласман во 1/4финалето сега тие ќе треба да го очекуваат мечот меѓу Португалија и Шведска и ќе чекаат пораз на Португалците. Само со таков исход Унгарија ќе оди натаму.

ПретходноХаланд со хет-трик ги урна „волците“ и го мина постигнувањето на Роналдо (ВИДЕО)
СледноГолеада на „Сигнал Идуна Парк“, Дортмунд победи а играше и Алер!(ВИДЕО)