Спектакл на „Емирејтс“: Моќен е овој Арсенал, Нкетија во 90. минута донесе победа над Јунајтед (ВИДЕО)

221

 

 

Во големото, во мега – дербито на 21.коло во Премиерлигата, доцна попладнево на “Емирејтс“ во Лондон, Арсенал го победи Јунајтед  со 3:2 и тоа со победнички гол на Нкетија во 90.минута. Моќен е овој Арсенал, тим со шампионски шмек.

Висок интензит, многу шанси, одлична игра на двете екипи, убави голови, се она што фудбалот може да го донесе како радост на фановите.

Гостите поведоа со голот на Рашфорд во 17.минута. Седум минути подоцна „топчиите“ израмнија со голот на Нкетија, за да Сака со вистинска “бомба“ му донесе водство на домашниот состав во 53.минута. Но тоа не беше се од головите на овој меч.Имено Лидандро Мартинез во 59.минута успеа да израмни на 2:2.

Во продолжение од овој супер – натпревар, Арсенал притискаше,имаше и шанси, но Давид де Геа во неколку наврати со фантастични интеревенции го спасуваше својот гол.

Но не можеше во 90.минута кога Нкетија донесе победа за Арсенал.

Да кажеме дека во тимот на Арсенал свое деби имаше и Тросард, кој влезе во игра место Мартинели во 82.минута.

ПретходноГостиварци се шетаа низ Истанбул, утре “летаат“ за Анталија! (ФОТО)
СледноИ официјално Јончевски на клупата на Кожув!