Удинезе на нашиот Илија Несторовски се враќа со трите бода од гостувањето кај очајната Сампдорија на „Мараси“. Фудбалерите на Сампдорија беа поразени од Удинезе со 0:1 (0:0) во 19. коло од Серија А.
Во првите 10 минути Сампдорија имаше две извонредни шанси да поведе. Маноло Габијадини имаше одлична ситуација еден на еден со Маноло Силвестри, но шутираше директно во него. Набрзо слична прилика имаше и Филип Ѓуричиќ, но српскиот офанзивец иако го совлада Силвестри, не беше прецизен кон противничкиот гол.
По сите пропуштени шанси на домашните, казната стигна во 88. минута, кога Хари Винкс невнимателно ја исфрли топката кон сопствениот гол, а Кингсли Еизибуе погоди за победа.
Несторовски почна од клупата и доби шанса дури во 90. минута на средбата.