Циципас третпат по ред во четвртфиналето на АО

93

На грчкиот тенисер Стефанос Циципас му беа потребни пет сета и четири часа игра за да победи со 6:4, 6:4, 3:6, 4:6, 6:3 против Италијанецот Јаник Синер и трета година по ред да се пласира во четвртфиналето на Австралија Опен.

Во изминатите две изданија Циципас го заврши своето патување во полуфиналето, како што беше случајот во 2019 година. За повторно да се најде меѓу четирите најдобри на првиот Грен слем турнир во сезоната, 24-годишниот Грк ќе треба да го победи 21-годишниот Чех, Јиржи Лехецка, кој е најголемото изненадување на турнирот.

Втората четвртфинална двојка од горниот дел на ждрепката ќе се сретнат Русинот Карен Хачанов и Американецот Себастијан Корда, син на Петр Корда, инаку победник на Австралија опен во 1998 година.

ПретходноРадески погоди на дебито за Струга Трим Лум
СледноУдинезе славенички кај Сампдорија, Нестор доби неколку минути (ВИДЕО)