Шведска ја совлада Португалија и ја испрати Унгарија во 1/4 финалето

162

Репрезентацијата на Шведска ја совлада Португалија со 32-30 и со тој резултат ги израдува Унгарците кои го освоија второто место и се пласираа во четвртфиналето. Швеѓаните и пред овој меч беа четвртфиналисти, а на Португалија и требаше барем реми меѓутоа „викинзите“ победија и со тоа и направија услуга на Унгарија.

Кај Швеѓаните Петерсен постигна 8 гола, а Јохансон 7 гола. За Португалците осумпати прецизно стрелаше Ареиа.

Досега во четвртфиналето се пласираа Франција, Шпанија, Шведска, Унгарија, Германија и Норвешка и Египет. Остана уште во групата 4 да биде познат последниот патник во нокаут фазата.

ПретходноСкопје ќе грми: Рико Вуков ќе ја предводи парадата на Порше!
СледноФранција славеше над Шпанија за прво место во групата