Барди ја напушта Турција и се враќа во Шпанија

3610

По се изгледа дека кратко ќе трае авантурата на Енис Барди во Турција. Македонскиот интернационалец и репрезентативец во моментов е член на тимот на Трабзон, но како што пренесуваат медиумите во Турција, управата, и пред се стручниот штаб не се задоволни од неговите настапи и зимава наводно ќе пробаат да се ослободат од него.

Барди пристигна во Трабзон пред шест месеци, и за него клубот плари три милини евра. Веројатно дека сега ќе сака истите да си ги поврати, а зошто не и да заработи нешто.

Од она што Спортмедиа го дознава, Барди е пред враќање во Шпанија. Во Примера тој ги доживеа најдобрите моменти од досегашната кариера, во дресот на Леванте, и таму и тоа како добро ги знаат неговите квалитети. Но, овојпат Леванте не е опција туку тимот на Мајорка, кој што веќе има искуство со наши интернационалци. Александар Трајковски беше дел од овој клуб, пред да продолжи понатаму.

Јавноста интензивно ќе ја следи ситуацијата со Енис Барди, а тој денеска на домашен терен ќе го пречека Истанбулспор. Колку минутажа ќе добие играчот за врска денеска од 17:00 часот останува да видиме.

 

ПретходноНачевски и Николов ќе ја делат правдата меѓу Франција и Шпанија!
СледноАкадемија Пандев се смести во Анталија, првиот меч против Марица Пловдив