Барселона минимално го совлада Хетафе и го стави Реал под притисок (видео)

119

Фудбалерите на Барселона го совладаа Хетафе со 1:0 во шпанската Ла Лига. Лидерот на табелата пред почетокот на мечот го покажаа трофејот од шпанскиот Суперкуп освоен пред неколку денови, а денешниот противник се покажа доста жилав.

Составот на Чави Ернандез на крајот славеше со многу мака со голот на Педри во првото полувреме. Барса немаше ден, не играше фантастично но успеа да победи.

Барса на чело на табелата има 44 бода, шест повеќе од Реал Мадрид и Реал Сосиедад. Мадриѓаните вечерва во гости кај Атлетик Билбао се под притисок да победат на еден од најтешките терени во Шпанија.

Хетафе е на 16. позиција на табелата со 17 бодови.

Barcelona 1-0 Getafe – Pedri 35′

Video Barcelona 1-0 Getafe – Pedri 35′ was uploaded to Streamin.me on Jan 23, 2023.

ПретходноБаер со шеста победа по ред над Менхенгладбах (видео)
СледноДеби на Роналдо, Ал Наср победи но со гол на Талиска (видео)