Данскиот ракометар Матијас Гидсел се осврна на коментарот на Веселин Вујовиќ кој го нарече „мало глувче“. Црногорскиот селектор се нафрли на Гидсел за кој верува дека направил неспортски потег бидејќи не сакал да го прифати извинувањето на Домагој Дувњак по фаулот.
„Не ја прочитав статијата, но го видов насловот дека сум мало глувче. Во принцип, мислам дека никаде не треба да коментирате со таков тон. Тоа беше донекаде насилен коментар. Не сум воспитан да коментирам за такви луѓе во медиумите. Не сакам да коментирам затоа што нема смисла. Впрочем, целата приказна за мене и Дувњак нема смисла. Зборувавме, но не пред камерите и решивме се“, изјави Данецот за локалниот портал БТ.