Швајцарскиот скијач Даниел Јуле по шестипат во кариерата, а вторпат во Кицбил, оствари победа во слалом во Светскиот куп, иако по првото возење беше само на седмото место. Во второто возење Јуле го постигна третиот најдобар резултат и со вкупно време од 1:44,63 минути.
Минатогодишниот победник во слалом во Кицбил, Британецот Дејв Рајдинг, дојде од 16-то место во првото возење до второто место на крајот, со 40 стотинки зад победникот. Само за една стотинка побавен од него беше Норвежанецот Лукас Братен кој го освои третото место.