Деби на Роналдо, Ал Наср победи но со гол на Талиска (видео)

211

Екипата на Ал Наср го совлада Ал Етифак со 1:0 во 14.коло од првенството на Саудиска Арабија. Мечот е посебен за Ал Наср затоа што дебитираше најголемото засилување Кристијано Роналдо кој беше стартер и го одигра цел меч.
Тренерот Руди Гарсија го стави Португалецот во срцето на нападот меѓутоа не се запиша во листата на стрелците. Во 77 минута имаше голема шанса откако го издрибла својот чувар и шутираше со левата нога но голманот одбрани.
Голот за три бода го постигна бразилскиот офанзивен играч за врска Андерсон Талиска во 31.минута.

Ал Наср е лидер на табелата со 33 бода од 14 меча, вториот Ал Хилал има 32 бода но од 15 меча. Трет е Ал Итихад со 31 бод од 14 меча.

ПретходноБарселона минимално го совлада Хетафе и го стави Реал под притисок (видео)
СледноНе е само Јуве на удар на Обвинителството, следен е Наполи на Елмас!