Групата 2 е една од најинтересните од главната рунда во денешната програмата на Светското првенство. Три репрезентации се во битка за место во четвртфиналето, станува збор за Португалија, Исланд и Унгарија.
Португалија ќе мора да се соочи со еден од организаторите на Мундијалот, селекцијата на Шведска. Во следната рунда може да помине со победа. Во игра е реми, но само во случај да не победи Унгарија. Португалија има пет бода, еден повеќе од главните конкуренти Исланд и Унгарија.
Исланд пак нема толку големи надежи, место во нокаут фазата би обезбедил доколку Унгарија и Португалија бидат поразени. Оваа селекција игра со Бразил, па својата судбина ќе ја знае по завршување на дуелот помеѓу Унгарија и З.Острови, како и по својот меч.
Унгарија исто има полесен пат. Пораз на Португалија и победа против З.Острови ќе значи билет за четвртфиналето без разлика на резултатот меѓу Исланд и Бразил.
На останатите средби во групата 1, Франција и Шпанија ќе се борат за првото место во групата тука веќе сите дилеми се решени.
Првата почнува во 15:30 часот силите ќе ги одмерат Словенија и Црна Гора, додека нешто подоцна е дуелот меѓу Иран и Полска.
ДЕНЕСКА НА СП
15:30 Црна Гора – Словенија
15:30 З.Острови – Унгарија
18:00 Бразил – Исланд
18:00 Иран – Полска
20:30 Шведска – Португалија
20:30 Шпанија – Франција