Алкесандар Јончевски и официјално е старо –нов шеф на струката на тимот на Кожув.Она што попладне беше најавено, предмалку и се официјализира и тоа од страна на КФСМ, со оглед на тоа дека Јончевски е и селектор на нашата репрезентација, па со овој негов ангажман се прашуваше и федерацијата.
Досегашниот предводник на Кожув, Апостоли Апостолов останува во стручниот штаб како асистент на Јончевски. Поранешниот виешампион на Македонија се прегрупира и засили последните два месеца, донесе неколку квалитетни странски засилувања и со селекторот на клупата ќе се обиде да остане во зоната која води во разигрувањето за титулата.