Начевски и Николов ќе ја делат правдата меѓу Франција и Шпанија!

236

Македонската судиска двојка доби нова голема задача на Светското првенство кое се одржува во Шведска и Полска. Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе биде во центарот на теренот на дуелот меѓу Франција и Шпанија.

Ова е последен меч од главната рунда во рамките на групата 1. Двете селекции имаат по четири победи од стартот на Мундијалот, па победникот ќе стартува од првото место во четвртфиналето.

Мечот меѓу Франција и Шпанија се игра во „Таурон Арена“ во Краков од 21:00 часот.

ПретходноЗгасна уште еден млад живот, 26-годишен судија колабирал на терен!
СледноБарди ја напушта Турција и се враќа во Шпанија