Предмалку есенскиот ПМФЛ шампион, тимот на Струга Трим Лум го одигра пријателскиот натпревар против тимот на Охрид на комплексот Билјанини извори. Конечниот резултат гласи 1:2, а за Струга Трим Лум на своето деби погоди најновото засилување, Марјан Радески.
За Струга ТЛ погоди уште и Јусуфи, додека пак за Охрид реализираше Алтин Лога.
И двата тима на овој дуел одиграа добро, за оваа фаза од подготовките, а шанса добија речиси сите фудбалери од двете екипи.