Тимот на Феникс имаше одличен настап и забележа победа над Работнички од 91-88 и со тоа на тимот од Градски парк му ја прекина серијата од седум победи. По изедначената игра во првата четвртина, во втората Феникс го задржаа Работнички на само девет поени (23-9). На полувреме Феникс имаше предност од 16 поени (50-34), а Работнички успеа да се врати и да стигне до четири поени негатива (79-75) за потоа со тројка и до поен негатива за драматична завршница.
На неполни две минути до крајот резултатот беше 82-82. Сепак, домашниот тим погоди тројка плус две слободни фрлања со што ја зголеми предноста, а Работнички неможеше пак да се врати.
Најефикасен кај Феникс беше Митревски со 23 поени, а Димчевски стигна до 21. Кај Работнички Малешевиќ постигна 20, додека Бакоч и Форте по 19 поени.