Франција славеше над Шпанија за прво место во групата

153

Репрезентацијата на Франција го осигура првото место во групата 1 и како таква ќе патува во четвртфиналето на СП 2023. Французите во дербито ја победија Шпанија која остана втора и во наредната рунда ќе го добие првопласиран од групата 3, а тоа ќе бидат Норвешка или Германија. Французите ќе играат со второпласираниот од истата група.

Инаку Франција без Карабатиќ и Болцингер успеаја да ја победат „Фуријата“. По првото полувреме беше 13-13, во еден момент Шпанците имаа и водство од три гола, но до крајот Французите се вратија и победија со 28-26.

Мае, Мем и Бриет постигнаа по четири гола кај Франција, а кај Шпанија со седум гола се истакна Фернандез.

ПретходноШведска ја совлада Португалија и ја испрати Унгарија во 1/4 финалето
СледноГолеада во Торино, а на крајот без победник (видео)