Неверојатниот Ерлинг Халанд со хет-трик му донесе четиринаесетта победа на Манчетер Сити сезонава во Премиерлигата, откако денеска, „граѓаните“ на домашен терен со 3:0 славеа над Вулверхемптон. Норвежанецот со денешниот хет-трик (40’, 49’, 54’) се најде пред Кристијано Роналдо по бројот на хет-трикови реализирани во Премиер лигата.
За Халанд ова беше 4-от хет-трик на 19 натпревари во лигата, додека Португалецот, кој играше за Манчестер Јунајтед , имаше три. Халанд се израмни и со напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах.
Во вториот меч попладнево, Лидс Ј. и Брентфорд одиграа 0:0.