Убавата Барбара кон Новак: “Морам да те штипнам за да се уверам дека си само човек“… (ВИДЕО)

9184

Новак Ѓоковиќ си “гази“ на АО во Мелбурн. Во меч од 1/8 финалето Србинот го декласира Алекс де Минаур во три сета и успеа да се најде на три победи од својата рекордна десетта титула на Гренслемот во Австралија.

Ни проблемите со повредите, ниту пак новите провокации од дел од фановите, не му попречија на Новак денеска да се дојде до уште една победа.

По мечот со Де Минаур, коментаторката на „Евроспорт“ познатата некогашна австриска тенисерка Барбаре Шет Игл, направи навистина неочекуван гест.

Морам да се штипнам за да се уверам дека и натаму си само човек. Да, навистина си човек“ му рече убавата Барбара на Новак откако го штипна. Се разбира дека Ноле немаше ништо против да докаже дека е човечко суштество.

ПретходноФФМ започнува со реализација на активностите од проектот Фудбал за сите способности – Државно средно училиште Св. Наум Охридски
СледноУжасни вести од Велес: ФК Борец пред згаснување!