Црвена Звезда има нов десен бек. Тоа е аргентинскиот интернационалец Алекс Виго кој им се приклучи на „црвено-белите“ на подготовките во Анталија, а дојде од Ривер Плејт како позајмен на една година со тоа што српскиот шампион ќе може да го откупи неговиот договор за 2,2 милиони долари.
„Не е лесно да се најде десен бек. Нашите скаути долго го следеа и оценија дека тој е играч каков што ни треба. Алекс е офанзивен бек, кој може да ја убрза играта, токму она што ни треба. Ние во последните неколку рокови имаме јасна цел, да подмладиме и ја убрзаме екипата“, изјави спортскиот директор Митар Мркела.
„Свесен сум каде дојдов. Запознаен сум со величината на Звезда, како и фактот што има огромна база на навивачи и дојдов поради тоа и за да освојувам трофеи. Ми се допаѓа идејата да играм во ЛШ. Се надевам дека ќе имам шанса да играм таму… Знам и за „Вечното дерби“, слично ривалство имаме и во Аргентина меѓу Ривер за кого играв и Бока“, изјави Виго.