Болоња не успеа да го победи “фенерџијата“! (ВИДЕО)

59

 

Болоња во меч од 19.коло во Серија А кој предмалку заврши, не успеа да го победи Кремонезе, одигра само 1:1 и тоа на свој терен. Иако домашната екипа беше подобра,имаше и повеќе шанси, но сепак на кракот дојде до бод. И не само што не победи, туку “фенерџијата“ во еден момент имаше и водство од 0:1 со голот на Окереке во 5.минута. Болоња израмни на 1:1 и тоа со голот, односно автоголот на Кирикеш пет минути подоцна.

Со овој бод Болоња сега е единаесетта со 23 бодови, додека Кремонезе и со овој бод е последен, сега со 8 бодови.

ПретходноСара Ристовски без грешка, ЦСКА убедлива!
СледноЛазаров: Благодарност до момците за прикажаната игра, посебно до Томовски – ја заслужи наградата!