Екс-вардарец се прости од репрезентацијата: Црна Гора, ми беше чест!

257

По селекторот Зоран Рогановиќ, кој по четири и пол години реши да се повлече од функцијата шеф на стручниот штаб на Црна Гора, и капитенот Васко Шеваљевиќ реши да стави крај на репрезентативната кариера.

Искусниот централен бек (34) се прости со емотивна порака на Инстаграм.

„Ми беше најголема чест и задоволство да бидам член на црногорската кадетска, јуниорска и сениорска репрезентација и конечно капитен на репрезентацијата на земјата која ја сакам повеќе од себе. Репрезентацијата секогаш била и ќе остане свето за мене. По повеќе од петнаесет години репрезентативна кариера, тешко е се да се стави во неколку реченици. Петнаесет убави години кои ја одбележаа мојата спортска кариера, речиси целата моја младост, дел од животот кој не се заборава. Дојдов со крената глава, па си одам. Горд, затоа што зад себе оставам момци кои ќе продолжат да го носат дресот со националниот тим и да се борат за него најдобро што можат. Каков што бев сите овие години. Како играч и капитен на репрезентацијата си заминувам, не се каам за ништо, бидејќи знам дека се што направив, искрено, искрено, го направив најдобро што можев.
Синоќа кога им ја соопштив мојата одлука на соиграчите, сфатив уште една работа. Дека нема да ме паметат како некој што играл добро или лошо, давал или промашил голови, туку некој што ги поддржувал, со кој славеле, тагувале, споделиле искрена емоција и на крајот научиле нешто што ќе ги направи подобри играчи и луѓе. Затоа си заминувам исполнет со гордост, со полно срце.
Најголемо БЛАГОДАРАМ до моето семејство, моите соиграчи, стручните штабови, физиотерапевтите, ракометниот сојуз на Црна Гора, навивачите.
Секогаш ќе бидам тука за Црна Гора и црногорскиот ракомет. Црна Гора те сакам!
Вашиот капитен, Васко Шеваљевиќ.

ПретходноДинамо Загреб се огласи: Адеми дојде со понуди од други клубови, ние му нудиме нов договор!
СледноПознати се 1/4 финалните двојки: Данска го патосираше Египет на Парондо, Бергерут херој на Норвешка!