Доволно беше само еден гол, и тоа на Хари Кејн, за да Тотенхем успее да го победи Фулам со 0:1.Голот падна во 45.минута, и тоа беше тоа од головите на овој не така квалитетен меч во 21.коло од Премиерлигата. Меч кој започна со 20 минутно доцнење поради сообраќаен метеж.
Да споменеме дека со вечерашниот гол, Хари Кејн влезе во клупската историја.Имено ова му беше негов 266 гол со што се израмни на врвот на листата на стрелците со легендарниот Џими Гривс.