Лампард не е повеќе тренер на Евертон

127

Неславно заврши авантурата на легендарниот Франк Лампард на клупата на Евертон. Тој доби отказ по серијата на лоши резултати кои го турнаа тимот во опасната зона (19 позиција) и има 15 бода од 20 натпревари, со само три победи до сега што е најлош рекорд во најсилната англиска лига. Поразот од Вест Хем со 2:0 пред очите на сопственикот означи 10 меча по ред без победа и момент Лампард да биде сменет.

Поранешниот тренер на Челзи дојде на „Гудисон парк“ во јануари 2022 година и му помогна на тимот да избегне испаѓање, меѓутоа не ги помрдна работите на подобро затоа што повторно тимот се бори за опстанок, а сега е можеби во полоша ситуација од минатата сезона.

Од „Дејли меил“ пишуваат дека Евертон веќе почнал да бара нов стратег, а дотогаш со екипата ќе работат Лејтон Бејнс кој моментално е со У18 тимот како и Пол Таит кој е тренер на У21 екипата.

Инаку севкупниот ефект на Лампард на чело на Евертон е 12 победи во 44 меча од кои 23 се порази.

 

ПретходноЧетири екипи од Италија прашуваат за Несторовски
СледноТанкоски го продолжи договорот со Пелистер