Лудо: Барселона на крајот на сезоната ќе го донесе рекордерот на Реал

940

Мал број на фудбалери во историјата направиле трансфер од Реал во Барселона, а големи се шансите да видиме уште еден играч кој би го заменил „Бернабеу“ со „Ноу Камп“. Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека челниците на Барселона го контактирале агентот Хорхе Мендеш за трансфер на Марко Асенсио од Реал Мадрид.

Чави го сака 27-годишниот крилен напаѓач кој кај Карло Анчелоти оваа сезона нема голема минутажа. Тој има договор до крајот на сезоната и Реал немаат намера да му го продолжат, па Барселона би можела да го донесе без обесштетување.

Асенсио од 2015 година до сега впиша 257 настапи за Реал со ефект од 52 гола и 29 аситенции, а тој е рекордер на клубот така што даде гол на дебијата во секое од петте натпреварувања во кои Реал играше тогаш – првенството, Купот на кралот, ЛШ, шпанскиот и европскиот Суперкуп.

ПретходноРадески и Ибрами: Некогашниот напаѓачки тандем на Шкендија сега ќе “тресе“ за Струга ТЛ, нека му ја мислат противничките голмани!
СледноФернандо Сантош ќе ја предводи Полска