Македонија го демолира Мароко, против Јужна Кореја за 27. место на Мундијалот!

248

Втора победа за македонската ракометна репрезентација на Светското првенство. Нашите момци ја оправдаа улогата на фаворит против Мароко, славе со 40-25 (18-12) и си закажаа средба против Ј.Кореа за 27. место на овој Мундијал. Дуелот се игра за два дена.

СТРЕЛЦИ МАКЕДОНИЈА: Митревски, Томовски (13 одбрани), Серафимов 6, Талески 3, Атанасијевиќ 7, Костески 6,  Кузмановски 8, Петров 3, Ѓоргиев 3, Стојаковиќ 2, Манасков, Пешевски, Младеновиќ, Џонов 1, Маркоски, Савревски 1.

Во составот за оваа средба не беше Гоце Георгиевски, а на клупата цел меч останаа Дејан Манасков и Никола Митревски, двајцата добија поштеда, па шанса добија помладите. Лазаров за крилната позиција се одлучи за Петар Атанасијевиќ и Ненад Костески, кои добро се покажаа.

Серафимов отвори со два гола по една одбрана на Томовски за 2-1. А по изедначувањето, Атанасијевиќ и Костески со по два погодоци, и Талески зголемија на 7-2 во 11. минута.

Како некое непишано правило на овој Мундијал, серија на технички грешки го вратија противникот во игра, со серија од 1-4 намали на 8-6 на средината на првото полувреме. Во игра влезе Кузмановски, Лазаров направи промени на теренот. Пешевски се повреди и не се врати на теренот.

Наместо Македонија да гази, токму ради изгубени топки, беше во позитива од два до три гола. Мароко не искористи два напади, па Серафимов, Кузмановски и Петров зголемија на највисоки 16-11 во 26. минута. Кузмановски ги постави највисоките 18-12 на одморот.

По само осум минути игра во вториот дел, Македонија со шест гола во низа го запиша првото двоцифрено водство од 24-12. Мароко првиот гол го постигна во 39. минута. Во продолжение веќе беше чиста формалност, разликата отиде на 34-18, па на 37-21. Овој меч беше шанса да се добие она искуство кое многу подоцна ќе се покаже како добредојдено и покрај бројните негодувања во овој момент.

ПретходноАдеми побарал да си оди од Динамо!?
СледноМартин Томовски прогласен за играч на мечот!