Македонија ќе се бори за 27. место на Светското првенство, за два дена ќе ги одмери силите против Јужна Кореја во рамките на Президент Купот. Нашите момци пред малку ја запишаа втората победа на овој шампионат, убедливо славеа против Мароко со 40-25.
Втор пат на Мундијалот признанието за играч на мечот оди во рацете на голманите. По Никола Митревски, ова признание му припадна на Мартин Томовски, кој мечот го заврши со 13 интервенции, беше цел меч на голот на Македонија.
СТРЕЛЦИ МАКЕДОНИЈА: Митревски, Томовски (13 одбрани), Серафимов 6, Талески 3, Атанасијевиќ 7, Костески 6, Кузмановски 8, Петров 3, Ѓоргиев 3, Стојаковиќ 2, Манасков, Пешевски, Младеновиќ, Џонов 1, Маркоски, Савревски 1.
ФОТО: ИХФ