Тоа се вика професионалец. Без разлика дали игра финале на СП или игра против аматерски шестолигашки клуб, Килијан Мбапе сака да постигне што повеќе голови.Така и вечерва во меч од 1/16 финалето во Купот на Франција, ПСЖ на гостувањето кај Пајс де Касел победи со 0:7, а Мбапе стрелаше во пет наврати.
Од 29. До 40.минута постигна три гола, за да потоа стрелаше и во 56.и 79.минута. Останатите два гола беа дело на Нејмар и Солер.
Еден убав тренинг за ѕвездите на ПСЖ,пред се за Килијан Мбапе.
Најинтересное тоа што еден од најдобрите фудбалери на Пајс де Касел е еден од водачите на навивачката група на ПСЖ.
Ете, тоа е фудбалот.